Кучето Макс е најпопуларен моторџија во Колумбија – ММС
ММС

Објавено на: 10/15/22 8:28 AM

Кучето Макс е најпопуларен моторџија во Колумбија

Дејвид Кузман и неговиот пес Макс се позната „двојка“ во колумбискиот град Кали, но и на социјалните мрежи, известува Агенција Анадолија (АА).

Гузман се грижи за многу напуштени животни и со својот мотоцикл им носи храна. На тие патувања негов верен сопатник е и кучето Макс кое седи во страничната приколка, носејќи кацига, јакна и наочари.

Нивната појава привлекува големо внимание, а бројните минувачи сакаат да се фотографираат со нив.

Извор и фото: Анадолија