„Постојано бев уморна, не знаев во каква состојба ќе се разбудам утре“.
Со овие зборови Селена Гомез го опишува првиот симптом на лупус поради кој во 2017 година беше подложена на трансплантација на бубрег. Младата пејачка и актерка на почетокот го доживеала истото како и речиси сите други пациенти кои боледуваат од оваа автоимуна болест.
Тешкиот замор се објаснува со бројни фактори, меѓу кои не се само ефектите од болеста, туку и анксиозноста што ја доживуваат пациентите и како резултат на нарушување на спиењето. Исто така, редовно имаат ниско ниво на витамин Д, а постојаното чувство на замор ја зголемува неможноста за физичка активност.
Друг симптом кој придонесува за чувство на замор е воспаление и отекување на зглобовите – 90 проценти од луѓето со лупус имаат артритис, па затоа е важно да се проверат други симптоми за да се постави јасна дијагноза. Лупусот ги погодува сите органи, но пациентите може да имаат различни компликации.
Кога ќе се појави воспаление на бубрезите, како што беше случајот со Селена, веќе не е можно ефикасно да се исфрлаат токсините и метаболичките отпадни производи од телото. Тогаш пациентот ја забележува темната боја на урината, како и оток околу очите, прстите на рацете и нозете. Конечната дијагноза се поставува врз основа на анализа на урина и крв.
Лупусот може да доведе и до компликации на срцето или белите дробови, невролошки проблеми и анемија. Оваа болест многу почесто ги напаѓа жените – 9 од 10 возрасни пациенти се женски. Покрај горенаведените симптоми, карактеристично е и црвенилото на лицето во форма на пеперутка, како и честа температура, најчесто до 37,4 Ц.
Селена, покрај бројните заболувања предизвикани од лупус, се бори и со анксиозност и депресија, а и е дијагностицирано и биполарно растројство. Работи од десетгодишна возраст, кога почнала да снима детски телевизиски серии. Таа има заработено милиони долари од телевизиски серии, филмови, музика и реклами.
Извор: lepaisrecna.mondo.rs
Фото: Принтскрин Јутјуб