(Видео) Дали ќе има струја да ја гледаме, а не да одиме на евровизија – Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023. во Ливерпул – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/22 1:00 PM

(Видео) Дали ќе има струја да ја гледаме, а не да одиме на евровизија – Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023. во Ливерпул

Македонија го откажа учеството на Евросонг 2023 година, кое теба да се одржи во мај во Ливерпул, Велика Британија.

Ивори на ММС велат дека оваа одлука е донесена поради кризата, односно поради големите сметки за струја што ги добива националниот сервис, но и воопшто скапотијата во Велика Британија.

-Нормално е МТВ да го откаже учеството на  Евросонг. Тоа и се очекуваше.  Како тргнало годинава дали ќе имаме струја да ја гледаме, а не пак, да учествуваме. Освен тоа вработените се во страв дека и платите ќе им бидат намалени, велат извори на ММС

ММС побара официјална информација од директорот Марјан Цветковски, кој ни потврди дека, за прв пат по осамостојувањето Македонија нема да биде дел од најголемата музичка манифестација во Европа.

-Да, да нема да учествуваме на Евровизија. Не сме платиле котизација. Најголем проблем се струјата и големите трошоци, кои ќе ги предизвика патувањето и престојот во Велика Британија. Поради оваа состојба скратени се сите трошоци, па така и овие кои требаше да се платат за учество на Евросонг, ги насочивме за плаќање струја, изјави за ММС, Цветковски.

Тој ти демантира информациите дека ќе бидат кратени платите на вработените. За ММС вели дека и покрај енормните трошоци, сепак, тоа нема да се одрази врз вработените.

-Кај нас нема да има кратење на платите иако сметките за струја се екстремно големи.Само за еден од претходните месеци сметката ни беше 10 милиони денари.  Освен тоа Британија е скапа држава и доколку учествувавме требаше да платитме  околу 200.000 евра за патување, визи и престој. Под 600-700 фунти нема ноќевање за една вечер нема,а плус и парите за  котзација. Одлуката да се откажеме од учество на Евросонг важи за оваа година, а за идната ќе видиме,  рече за ММС директорот Цветковски.

Македонија нема да учествува на оваа голема музичка манифестација за прв пат од своето осамостојување. Од 1991 година до денес не сме учествувале неколку пати поради неисполнување на пропозициите на ЕБУ или не сме успеале да влеземе во финале, па според правилата, сме правеле пауза. Ова е прв пат сами да се откажеме.

Македонското учество на Евросонг најголемиот успех досега го постигна со учеството на Тамара Тодевска во Тел Авив во 2019 година.

Во 2020 година поради короната Евросонг не беше натпреварувачки, а учеството во 2021 и 2022 година со учество на Васил Гарванлиев и Андреа предизика скандал, па МРТВ беше критикувана и често се коментираше да се откажеме од учество.

Во 2021 година скандалот настана со учеството на Васил Гарвалиев, во чиј спот некој препозна бугарско знаме, додека Андреа беше критикувана дека го фрлила македонското знаме на тиркизниот тепих на свеченото отворање на Евросонг, кое во мај се одржа во Торино, Италија.

Весна Миленковска