(Вознемирувачко видео) Како се сруши мостот во Овчар бања, 20 туристи пропаднаа во реката – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/22 9:10 AM

(Вознемирувачко видео) Како се сруши мостот во Овчар бања, 20 туристи пропаднаа во реката

Две жени загинаа вчера околу 10 часот, кога се урна висечкиот мост кај Овчар Бања, кај манастирот Јованје.
Трагедијата се случила кога околу 20 туристи од Босна и Херцеговина, кои дошле да ги посетат манастирите во Србија, во исто време почнале да го минуваат мостот.

Во еден момент се скрши кабелот на инаку дотраениот мост и луѓето буквално во секунда се најдоа во заледената река.

Немаше начин да се спасат двете жени, додека спасувачите, свештениците, возачите и случајните минувачи успеаја да ги извлечат останатите на брегот.

Повеќе од десет лица се префрлени во болницата во Чачан, а тројцата најтешко повредени треба да бидат префрлени во Ортопедскиот завод Бањица во Белград.

На интернет се појави снимка од моментот кога мостот се руши а луѓето паѓаат во судената Морава.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)