„Не пијам кафе со комшиите, што сум постара, понервозна сум“ – Актерката Сека Сабљиќ не мирува и на 80 години – ММС
ММС

Објавено на: 10/14/22 8:35 AM

„Не пијам кафе со комшиите, што сум постара, понервозна сум“ – Актерката Сека Сабљиќ не мирува и на 80 години

Познатата српска актерка Сека Саблиќ (80) е една од главните протагонистки на филмот „Комедија на три ката“, на младата режисерка Сандра Митровиќ, а сега проговори и за своите навики во приватниот живот.
Легендарната актерка  ја игра сосетката Живка која ги знае сите тајни на станарите од зградата во која живее.
За разлика од нејзината хероина, која сака да пречекува гости и да разговара со нив, Сека во приватниот живот не е таква.

– Колку стареам, толку сум понервозна! Затоа не пијам кафе со комшиите, а и немам време. Ги познавам сите станари од зградата во која живеам, ги сакам и ценам, но не се дружам со нив. Времето го поминувам работејќи ја работата што ја сакам, а потоа сакам да бидам сама и да се одморам, бидејќи веќе сум многу стара – вели актерката за Информер и додава дека сепак има една сличност со Живка:
– Знам да му се развикам на син ми ако не направи нешто како што треба, исто како Живка. Филмот е многу емотивен, плачев кога првпат го глрдав, додала таа.

Фото: Информер.рс