Мафини со тиква, без шеќер и масло: Есенски десерт полн со витамини и минерали – ММС
ММС

Објавено на: 10/16/22 3:20 PM

Мафини со тиква, без шеќер и масло: Есенски десерт полн со витамини и минерали

Лекарите велат дека најдобро е да се јадат сезонски намирници, а сега е време за тиква, кралица на есенската трпеза. Ви претставуваме рецепт за здрави мафини без шеќер и масти. Есента е време кога сакаме времето да го поминуваме дома, да пиеме чај и да ја читаме омилената книга Доколку сакате попладнето да го поминете со вашите најблиски, ви предлагаме да направите здрав десерт, чија убава миризба ќе се шири низ целиот дом.

Ви предлагаме да направите здрави мафини со тиква.

Тиквата е нискокалорична и многу здрава намирница. Преполна е со влакна и витамини. Ако сте веган или пак, постите, млекото и јогуртот може да ги замените со напитоци на растителна основа. Добрата страна кај овој деерт  е тоа што нема потреба да додавате масло или путер, ниту пак шеќер.

Состојки

200 гр груб рендана тиква

2 лажички цимет

Половина лажичка мелен ѓумбир

175 гр густ јогурт

2 јајца

125 мл (може и растително)

1 лажичка мед

175 гр интегрално брашно

1 ½ лажичка прашок за печиво

25 гр сечкани ореви

Подготовка

Кратко сварете ја тиквата и процедете. Додадете ги јогуртот, јајцата, млекото, јогуртот и медот, а потоа брашното, прашкот за печиво, зачините и оревите. Во калап за мафини ставете хартиени корпички или пак, секој калап премачкајте го со масло. Печете во загреана рерна на 200 степени околу 20-25 минути додека не добијат златна боја.