Лекари и фармацевти: пријавете се на 9 International Medis Awards – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/22 1:06 PM

Лекари и фармацевти: пријавете се на 9 International Medis Awards

Комерцијален текст

Меѓу минатогодишните победници беше и претставник на Северна Македонија Фанка Гилевска

Деветта година по ред меѓународниот стручен комитет на International Medis Awards for Medical Research ќе ги награди извонредните научноистражувачки достигнувања во медицината и фармацијата. Истражувачите од Централна и Југоисточна Европа можат да се пријават на конкурсот до 3-ти ноември 2022 година. Меѓу минатогодишните победници беше и претставник на Северна Македонија д-р Фанка Гилевска во областа на офталмологијата.

Научното истражување вреди да се истакне, а извонредноста на стручните лица вредна е за награда затоа што на поединците и заедниците тоа им е потребно повеќе од било кога порано! Претседателот на меѓународната стручна комисија проф. др. сц. Борут Штруќељ, мр. фарм., од Катедрата за фармацевтска биологија, Фармацевтски факултет при Универзитетот во Љубљана, сите лекари и фармацевти ги повикува да се пријават: “Целосно сум убеден дека научните резултати од вашето објавено истражување ќе бидат уште подобро препознаени и прифатени во научната заедница во различни области од медицината и фармацијата, а пред се во пошироката јавност.“

проф. др. сц. Борут Штруќељ, мр. фарм., од Катедрата за фармацевтска биологија, Фармацевтски факултет при Универзитетот во Љубљана

Услови за апликација

И во 2022 година ги покануваме сите лекари и фармацевти да учествуваат на натпреварот во областите на фармација, гастроентерологија, гинекологија, интензивна нега и анестезиологија, неврологија, офталмологија, педијатрија, пулмологија и алергологија, како и ревматологија. Може да аплицираат истражувачи од Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Северна Македонија, Словенија и Србија.

Нивните научно-истражувачки достигнувања мора да бидат објавени во меѓународна научна публикација со импакт фактор над 1.500 во периодот од 1 септември 2021 до 31 октомври 2022 година. Пријавата можат да ја испратат до 3 ноември 2022 година. на англиски јазик со пополнување на формуларот на страната: www.medis-awards.com.

Наградата е поттик за похрабри истражувачки идеи

 

д-р Фанка Гилевска, од клиниката „Систина Офталмологија“

Меѓу минатогодишните добитници беше и претставник на Северна Македонија д-р Фанка Гилевска. Нејзината научноистражувачка работа беше најдобра во областа на офталмологијата. Таа накратко го опиша значењето на наградата: “International Medis Award ме популаризираше и ги заинтригира и пациентите и студентите за моето истражување. Добив многу покани за јавни настапи на телевизија, радио и на интернет. Оваа награда ме охрабри да работам повеќе, да бидам бестрашна на мојот проект Кератоконус и да ставам посмели идеи на маса. Најдов поддршка и кај помладите колеги, така што мојот проектен тим расте.“

Повеќе на: www.medis-awards.com