За време на говорот во американската сојузна држава Колорадо во средата, американскиот претседател Џо Бајден по грешка рече дека неговиот син, кој почина од рак во 2015 година, „го загубил животот во Ирак“.
– Само замисли. Ова го кажувам искрено. Ова го кажувам како татко на човек кој ја доби бронзената ѕвезда, медалот за истакнати заслуги и кој го загуби животот во Ирак – изјави американскиот претседател во моментот кога воениот камп Хејл беше прогласен за национален споменик.
Најстариот син на американскиот претседател, Бо Бајден, служеше во Ирак во 2008 и 2009 година. Шест години подоцна, тој почина на 46-годишна возраст од рак на мозокот во САД.
Joe Biden falsely claims his late son Beau “lost his life in Iraq.”
Beau died of brain cancer. pic.twitter.com/gEfXZOdiys
— Wendell Husebø (@WendellHusebo) October 12, 2022
Џо Бајден претходно сугерираше дека ракот на неговиот син можеби е предизвикан од изложеност на токсични испарувања што се ослободуваат за време на согорувањето на отпадот во американските воени објекти, вклучително и оние во Ирак.
Извор: србија данас
Фото: Анадолија