Откако се погледнав во огледало еден ден, нешто пукна во мене – вака Британи Гибонс, британска писателка и мајка на три деца, ја започнала својата приказна.
Како што вели, тогаш решила да води љубов секој ден, 365 дена по ред, и успеала. Британи го опиша своето искуство и откри што ја натерало да го направи тоа. Тоа било пред неколку години, но позитивните ефекти се чувствуваат и денес.
Ова е нејзината исповед:
Набргу по третото раѓање излегов од кадата и се погледнав во огледало. Си помислив: „Што прави мајка ми во бањата?“. Од тој момент не сакав да бидам гола. Ги гасев светлата за време на секс, ги покривав стомакот и градите со облека и чекав маж ми да излезе од собата за да можам да се пресоблечам.
View this post on Instagram
Поминаа години, а не сакајќи да го покажам моето голо тело почна да ме загрижува. Се прашував дали мојот сопруг се сеќава како изгледам гола. Тогаш ми текна да имаме секс секоја вечер, 365 дена. Дојдов до оваа идеја откако разговарав со пријател кој го правел истото, секоја вечер.
Отпрвин, идејата да имам секс секоја вечер ми звучеше одбивно, но и малку интригантно бидејќи ќе ме принуди да го гледам своето голо тело секој ден. Си помислив: „Прекривката ќе се помести во одреден момент и светлата ќе останат запалени“. Иако сакав само да легнам на креветот, да грицкам и да гледам телевизија.
Поминаа месеци и почнав да се радувам на тоа. Имавме секс дури и кога имав менструација. Сексот стана повеќе од секс, се разбудија некои чувства. Станавме поромантични, повеќе се допиравме и секое утро страсно се бакнувавме пред да одиме на работа. Нашата врска стана посилна и подобра.
Повторно уживав во сексот, уживав во своето тело и конечно престанав да ги кријам своите физички маани. Прифатив дека изгледам онака како што изгледам. За првпат ми беше поважно да имам добар секс отколку стомакот да изгледа порамно.
View this post on Instagram
После една година престанав да носам облека кога не треба и лежерно одев гола во тоалет. Односот со мојот сопруг и моето тело се промени неверојатно. Сега, три години подоцна, сè уште имаме секс секоја вечер.
Од сето ова и двајцата дознавме колку е важен сексот за среќен брак. Научив да бидам подобра сопруга, подобра мајка и посигурна сум во себе, се чувствувам добро во своја кожа.
И конечно – никогаш не се работеше за тоа дека некој ме сака мене, туку дали јас се сакав себеси. И ми требаше само една година секс за да го сфатам тоа, објави порталот goodhousekeeping.com.