На љубовницата ѝ напишал дека сопругата му е дебела крава – Ослабела и му се одмаздила на бившиот – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/22 7:00 PM

На љубовницата ѝ напишал дека сопругата му е дебела крава – Ослабела и му се одмаздила на бившиот

Бетси Ајала од Тексас дознала дека нејзиниот сопруг ја изневерува, по што останала целосно скршена, а особено ја погодило тоа што и го направил ова дури откако таа го родила нивното прво дете.

Ги открила пораките што тој ги праќал на својата љубовница, во кои ја нарекува мајката на неговото дете, дебела крава.

Во текот на животот се борела со вишокот килограми, а кога престана да тагува поради распадот на бракот, брзо нашла начин да му се одмазди на поранешниот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betsy Ayala (@queen_b_b)


Новопечената мајка решила драстично да го промени животот и ослабела преку 50 килограми, а денес изгледа непрепознатливо. Таа од симпатична дебела жена се претворила во атрактивна убавица, а нејзиниот поранешен сопруг сега мора да жали за сите погрдни зборови кои ги кажал за неа.

– Искрено, благодарен сум за тоа што го направи бидејќи во спротивно никогаш немаше да го сменам животот. На почетокот плачев на крајот од секој тренинг, но сфатив дека морам да се променам за ќерка ми, да ја направам горда со мене и да бидам пример за неа – изјавила Бетси.
Таа цел живот носела вишок килограми, а по породувањето паднала во постпородилна депресија, а ситуацијата уште повеќе се влошила бидејќи утехата ја наоѓала само во храната.

Со бившиот сопруг била во врска од тинејџерските години, кога имала 14 години, па очекувала разбирање од него. Почнала да внимава што јаде и добро се чувала додека два дена пред Божиќ не открила пораки на неговиот Фејсбук профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betsy Ayala (@queen_b_b)

Ја изневерил со колешка од работа на која и напишал дека неговата сопруга е дебела крава.

– Ужасно ме погоди затоа што секогаш ми велеше дека изгледам добро, па дури и ме охрабруваше да јадам нездрава храна, како да сакаше да останам таква засекогаш – рекла Бетси, која сепак успеала да се извлече и да продолжи со здрав живот.

Со бившиот сопруг е во добри односи со оглед на тоа што имаат заедничко дете, а во меѓувреме се омажила за маж кој како што вели „навистина ја заслужува“ и со него очекува уште едно дете.

На својот Инстаграм профил оваа мајка од Тексас досега собрала над 90 илјади луѓе кои ја следат и ја поддржуваат на нејзиниот пат кон здрав живот.

 

(Курир.рс/ Задоволна)