(Видео) Вонземјаните ќе пристигнат во декември?! Чудни предвидувања на Тик Ток, а истото го кажала и баба Ванѓа – ММС
ММС

Објавено на: 10/13/22 10:07 AM

(Видео) Вонземјаните ќе пристигнат во декември?! Чудни предвидувања на Тик Ток, а истото го кажала и баба Ванѓа

Еден корисник на ТикТок кој тврди дека е патник низ времето, објави дека вонземјаните ќе пристигнат на Земјата на осми декември.

Последниве месеци зачестија приказните за доаѓањето и постоењето на вонземјани и за кои се поотворено се зборува, а во овој случај приказната е уште поинтересна бидејќи легендарната пророчица Баба Ванѓа ја имала истата прогноза.

Видовитата, кого многумина го нарекуваат балкански Нострадамус, предвидела дека во 2022 година земјаните ќе дојдат во контакт со вонземјани и тоа така што ќе падне астероид на нашата планета и ќе донесе туѓ живот.

Истото го тврди и таканаречениот патник низ времето кој „открива“ дека на 8 декември голем метеор ќе удри во Земјата и со себе ќе донесе непознати материи.

Во видеото што го објави на ТикТок, тој тврди дека пристигнал од 2671 година и предупреди на пет идни датуми за страв.

@radianttimetraveler The Distants are coming… #fyp #foryou #radianttime #timetravel #timetraveler #viral #xyzbca #theory #conspiracy ♬ Growling Stars – Eno Alaric


22.11.2022 година,  според него, ѕвезда ќе експлодира и небото над Земјата ќе биде осветлено со години

8.12.2022 година вонземјани доаѓаат на метеор

20.12.2022 година Земјата ќе е погодена од разорен земјотрес со јачина од 9,8 степени според Рихтеровата скала што отвора кратер во Маријанскиот ров и ослободува огромни морски бранови.

29.01.2023 ќе бидат оОткриени  масовни морничави суштества, како пајак од еден метар, мравка од 30 сантиметри, мечка од шест метри и други

На 1 март 2023 година ќе се роди првото хибридно бебе човек-шимпанзо.

Можеби овие прорекувања, сепак, нема да се остварат.