Ме критикуваат луѓе кои никогаш во живот не кренале потешко од спајалица, рече Ковачевски – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 1:22 PM

Ме критикуваат луѓе кои никогаш во живот не кренале потешко од спајалица, рече Ковачевски

Јас не сум од оние политичари или политичар кој својата кариера ја градел од кабинети во Влада, во кабинети во институции, во јавна администрација, туку сум човек кој 22 години кариерата ја градев во приватниот сектор.

Ова го рече премиерот Ковачевски на отворањето на канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот.

Ковачевски освен на неговата кариера даде посебна поддршка на вработените во оваа компанија и им даде совет.

-Почнав исто како вас, зад овие столчиња, како вработен кој секое утро мораше да дојде на работа да креира вредност и да обезбеди вредност за компанијата и  даноци кои ќе бидат платени на државата, добивка за компанија, со која ќе се плати данок на добивка од која што подоцна се финансираат  функциите на државата, вклучително и оние политичари кои целиот живот го поминуваат во кабинети, рече тој и додаде:

-За мене 10 дена се зборува дека сум работел во фабрика и горд сум на тоа. Ме критикуваат луге кои никогаш во живот не кренале потешко од спајалица, а за тоа кревање спајалица им го плакаат оние како вас и како мене кои работат, креираат вредности и плаќаат даноци, рече Ковачевски и ги поздрави вработените и ги замоли „оние со кравати во првивот ред“ да дадат аплауз за нив.

Тој се осврна за економската криза, инфлацијата и несигурност  и рече дека нема да дозволи никој да бира меѓу греење и храна и да биде оставен сам и дека  струја, греење и храна мора да има за сите.

Тој рече и дека државава цврсто чекори на патот кон ЕУ и затоа компаниите сакаат да инвестираат во неа.

-Инвестициите се резултат што Северна Македонија цврсто чекори  на патот кон Европа. Компаниите ширум светот сакаат да инвестираат во земја која е на пат кон ЕУ а не во земја која е изолирана и во конфликт со соседите. Јас знам дека многу луѓе чувствуваат, исто како што јас чувствувам, дека цената која требаше да ја платиме за да станеме членка на НАТО и да ги почнеме преговорите со ЕУ беше таква што и на мене и на граѓаните им создава чувство како некој да го боде со нож во стомак, рече меѓу другото Ковачевски.