(Видео) Ги крена рацете и му испаднаа белешките – Нов гаф на Бајден – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 12:08 PM

(Видео) Ги крена рацете и му испаднаа белешките – Нов гаф на Бајден

Во опширно интервју за Си-Ен-Ен, Џо Бајден зборуваше за бројни теми, од Русија и нуклеарната закана за рецесијата и односите меѓу САД и Саудиска Арабија, но вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлече моментот кога на претседателот му падна парче хартија кога ги подигна рацете од колена.

Новинарот Џејк Тапер ја зеде хартијата од подот и му ја предаде на претседателот Бајден.


Претседателот Бајден следниот месец го слави својот 80-ти роденден, а многумина се загрижени за неговото здравје и когнитивните способности поради честите гафови.

Неодамна, по настапот во Њујорк, тој изгледаше дезориентиран кога не знаеше како да се симне од сцената по неговиот говор.

ИЗвор: дневни.хр

Фото: принтскрин