За два дена најден купувач – За 1,7 милиони евра продадена вилата на Николина Пишек и Видоје – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 10:22 AM

За два дена најден купувач – За 1,7 милиони евра продадена вилата на Николина Пишек и Видоје

Луксузната вила што ја купија Николина Пишек и нејзиниот покоен сопруг Видоје Ристовиќ во загрепско Шестине неодамна беше ставена на продажба и само два дена по објавувањето на огласот, куќата беше продадена за 1,7 милиони евра.

Куќата има 420 метри квадратни, отворен простор, и се состои од голема дневна соба, кујна со пристап до базен, три спални соби и простор за персонал. Дворот има 1.460 метри квадратни, се вели во огласот.
Продажната цена беше 13 милиони куни или 1,7 милиони евра.

„Уникатна куќа лоцирана во Шестине на мирна улица со прекрасен поглед и базен. Планираното завршување е во јануари. Опремен со материјали со врвен квалитет, алуминиумска столарија, греење преку топлински пумпи, подно греење поставено низ целата површина на куќата, систем за паметна куќа, подготовка за соларни панели, терацо подни облоги низ целата површина на куќата“, се вели во описот.
Николина и Видоје ја купиле куќата минатата година откако водителката и нивната ќерка биле отруени со јаглерод моноксид во нивниот стан во Загреб, а плановите ги нарушила ненадејната смрт на нејзиниот сопруг.
Видое Ристовиќ ненадејно почина на 44-годишна возраст. Тој беше српски историчар на уметност и сопруг на хрватската водителка и актерка Николина Пишек. Потекнува од богато семејство, а живеел и работел меѓу Белград и Загреб.

Од првиот брак ја има ќерката Матеа, а во декември 2014 година Николина и Видоје ја добија ќерката Уна Софија.

Извор: курир.рс

Фото: принтскрин