Експлозивот за мостот во Крим бил камуфлиран во ролни со градежна полиетиленска фолија – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 10:02 AM

Експлозивот за мостот во Крим бил камуфлиран во ролни со градежна полиетиленска фолија

Рускиот разузнавачки и безбедносен систем објави детали од истрагата за неодамнешната експлозија на мостот на Крим.

Тие тврдат дека зад целата операција стои шефот на украинската тајна служба (СБУ) Кирил Буданов, а осум лица кои сега се идентификувани се уапсени поради нивната вмешаност. Поради експлозијата досега се уапсени пет Руси, тројца државјани на Украина и Ерменија. Покрај нив, идентификувани се уште пет лица кои учествувале во спроведувањето на планот.


ФСБ тврди дека мостот бил уништен од експлозив кој пристигнал на Крим преку пристаништето Одеса. Пред тоа експлозивот транзитирал низ Бугарија, Грузија и Ерменија. Експлозивната направа била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија на 22 палети со вкупна тежина од 22.770 килограми и на почетокот на август „испратена од пристаништето Одеса во бугарскиот град Русе по договор бр. 02.08.2022 г. Транслогистик ДОО УА“ (Киев) и „Балтек Капитал СА““.
По експлозијата на мостот на Крим, претседателот Владимир Путин ја обвини Украина за тероризам, а руските сили извршија серија ракетни напади врз Киев и други украински градови. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот, иако некои украински официјални лица истакнаа дека тоа е подарок за 70-тиот роденден на рускиот лидер Владимир Путин.

Извор: мондо.рс