(Видео) Гол вреден бод и 20 конци на глава – Рудигер го спаси Реал – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 9:11 AM

(Видео) Гол вреден бод и 20 конци на глава – Рудигер го спаси Реал

Фудбалерот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер се здоби со голема исеченица по судир со голманот на Шахтјор на синоќешниот дуел од 4.коло во Лигата на шампионите.

Да потсетиме дека дефанзивецот на Реал Мадрид израмни со глава во петтата минута од судиското надополнување и го спаси својот тим од пораз. При тоа, голманот на украинскиот тим Анатолиј Трубин кој излезе од голот и Германецот се судрија со глави. Челото на Рудигер доби 20 конци, објави шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез.

Во текот на денешниот ден, врз Рудигер ќе бидат извршени медицински прегледи и ќе се знае детално за природата на повредата и времето потребно за санирање.

Голот на Рудигер беше клучен Реал Мадрид синоќа да избори пласман во плејофот на Лигата на шампионите.