(Видео) Додека спиете брановите сами се прават – Трик за фризура како од салон – ММС
ММС

Објавено на: 10/12/22 8:29 AM

(Видео) Додека спиете брановите сами се прават – Трик за фризура како од салон

Сакате ли убава фризура без да се мачите или фрлите пари за фризер?

Се што ви треба е да ја намокрите косата доколку не е свежо измиена или не е целосно сува по миењето, а потоа нанесете малку пена. Потоа на правилен начин завиткајте ја косата во висока пунџа: подигнете ја косата во опашка, а потоа ставете чорап околу опашката, на која што сте ги отсекла „прстите“ или подебел ластик за коса. Потоа извлекувате прамен по еден од опашот и го поминувате под ластикот или чорапот и така додека косата целосно не стане пунџа.

Погледнете ги деталните упатства во ова кратко видео на Емили.