Не го земајте мобилниот веднаш откако ќе се разбудите – ММС
ММС

Објавено на: 11/8/22 8:31 AM

Не го земајте мобилниот веднаш откако ќе се разбудите

Д-р Јоханес Вимер тврди дека е лоша навика што повеќето луѓе го земаат мобилниот телефон  в рака веднаш штом ќе се разбудат. А тоа вклучува не само исклучување на алармот, туку и „задолжителна проверка“ на вестите на социјалните мрежи.

– Треба веднаш да се ослободиме од оваа навика. Барем една до две минути без мобилен телефон се доволни. Навистина не е многу голема работа, но е неверојатно полезно. По оваа промена ќе почнете поинаку да се будите и оваа ситница ќе ви го промени целиот ден, вели д-р Вимер.

Истражувањето на консултантската компанија „Дилојт“ посочува дека дури 43 отсто од потрошувачите ги проверуваат своите мобилни телефони во рок од пет минути по будењето, а 17 отсто – веднаш кога ќе се разбудат. Со други зборови, на 60 отсто од испитаниците, мобилниот телефон е првото нешто што им паѓа на ум наутро. Ова е еден од показателите за дигиталната зависност на општеството воопшто.

МИА