Зошто кралицата дозволи љубовницата на Филип да и биде толку блиску? Дури 30 години помлада од него и во негово друштво – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/22 8:00 PM

Зошто кралицата дозволи љубовницата на Филип да и биде толку блиску? Дури 30 години помлада од него и во негово друштво

Серијата „Круна“ наиде на бес кај кралското семејство, по најавите дека во ноември ќе бидат „пуштени“ нови епизоди во кои ќе биде прикажана љубовната врска меѓу принцот Филип и неговата блиска пријателка Пени Кнечбул.

Серијата ќе прикаже „интимни моменти“ помеѓу војводата од Единбург и грофицата Маунтбатен од Бурма, која беше 30 години помлада од него. Поранешниот секретар за печат на покојната кралица изјави дека оваа серија е „сурово ѓубре“ и дека се надева оти кралското семејство нема да го гледа ова.

„Поминаа само неколку недели од смртта на Нејзиното Височество, ова е невкусно и искрено, сурово ѓубре“, изјави тој.

Вистината е дека Пени беше долгогодишна пријателка на целото семејство.

Како дошло до тоа Нетфликс да помисли дека Пени била љубовница на Филип?

Принцот Филип за Пени често велел дека е „втората најважна жена“ во неговиот живот, а сѐ почнало бидејќи тие двајца имале љубов кон возењето со кочија. Нивното пријателство траело со години, а принцот Филип бил покрај Пени кога таа ја изгубила својата ќерка поради рак на бубрезите.  Пени била редовен гостин на Вуд фарм, каде што принцот Филип одморал по повлекувањето од јавниот живот во 2017-та година.

Пени беше и една од триесетината личности кои присуствуваа на погребот, но беше присутна и на кралскиот погреб.  Спорната сцена во серијата прикажува како принцот Филип ја учи Пени да вози кочија, а во таа прилика ѝ раскажува како неговиот брак има проблеми.

Сите неверства на принцот Филип

Се зборувало дека принцот Филип ја изневерувал кралицата Елизабета со над 12 жени. Сите тие афери биле толерирани од страна на кралицата, меѓутоа таа знаела дека принцот Филип има проблем да го прифати тоа што неговата жена е кралица, и тоа дека нивните деца го носат нејзиното презиме.

Жените кои биле во врска со Филип биле главно аристократи, актерки и подалечни членови на семејството. Една од највпечатливите била најплатената сценска танчерка,  Пет Криквуд. Во тоа време таа излегувала со пријателот на принцот Филип, Стерлинг Наум. Една вечер, Серлинг го викнал Филип заедно со уште неколку пријатели да одат во гардеробата на неговата девојка, која тогаш го завршувала својот настап, па набргу завршиле во неговиот стан. Набргу јавноста дознала за ова, па Пет ја добила титулата „љубовница на Филип“. Во една прилика таа изјавила дека нејзиниот живот би бил многу поубав и посреќен доколку таа вечер принцот отишил кај својата бремена сопруга. Филип го поврзувале и со една од најголемите балерини , Галина Уланова, која се споменува во серијата на Нетфликс, „Круна“, а гледачите можеа да видат како кралицата пронаоѓа фотографија од балерината кај својот сопруг.

Принцот Филип важел за голем заводник, додека секогаш бил во друштво на убави и млади жени. Го поврзувале и со 15 години помладата принцеза Александра, која била старосватица на неговата венчавка со кралицата. Во јавноста „проструил“ уште еден скандал кога принцот бил поврзан со војвотката Саша, која била фотографирана покрај Филип во костим за капење. Саа била две ипол децении помлада од него.

Тој исто така имал посебен однос со Пени Ромзи, која била негова партнерка во трките со коли од 1994 година и која го убедила да се откаже од возачката дозвола во 2019 година.

На списокот на неговите љубовници е и пријателката од детството Хелен Корде, која по разводот имала две вонбрачни деца. Се шпекулирало дека таткото е принцот Филип. Хелен негирала, а принцезата Дијана истакнала дека нејзиниот свекор имал наследници од вонбрачни врски.

И покрај бројните афери, кралицата остана достоинствена, и не правеше скандали, ниту потврди некои од бројните наводи кои не се во корист на принцот Филип.

„Мажите секогаш ќе бидат мажи“, рекла кралицата.

 

Извор: stil.kurir.rs