Аца Лукас повторно има здравствени проблеми.
Популарниот музичар прво почувствувал силна болка во стомакот. Бидејќи болките не престанувале, Лукас побарал лекарска помош. Веднаш бил примен во Клиничкиот центар, а лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите анализи.
– Аца е работохолик и не престанува со месеци. Работеше со полна пареа. Поради тоа не се грижел за исхраната, не спиел правилно, а сето тоа влијаело на неговото здравје. Во неделата почувствувал силна болка во стомакот, поради што морал да побара лекарска помош. Кога го виделе на рецепција, истоштен и наведнат од болки, веднаш го примиле како итен случај. По прегледот лекарите решиле да го задржат во болница – вели извор на курир.рс од болница.
Штом закрепне, музичарот ќе ги продолжи подготовките за претстојниот концерт во Старк Арена на 3 ноември.