(Видео) Се бројат мртви и повредени – Нови гранатирања на Киев – ММС
ММС

Објавено на: 10/10/22 11:08 AM

(Видео) Се бројат мртви и повредени – Нови гранатирања на Киев

Нови експлозии во Киев, по трите кои утрово одекнаа во централниот дел на градот.

Има мртви и повредени, јавуваат странските агенции.

Според последните информации, загинале осум лица, а повеќе од десетина луѓе се повредени. Сепак, се стравува дека бројката не е конечна, бидејќи главниот град на Украина сè уште се гранатира. Од минута во минута стигнуваат информации од теренот.

Според еден од нив, метрото во Киев е затворено.

Градоначалникот на Киев вели дека „критичната инфраструктура“ е погодена во главниот град на Украина.

„Неколку удари во критична градска инфраструктура“, рече Кличко. „Има жртви. Сите служби на терен работат.

На Твитер беше објавено и дека е погодена термоцентралата во Киев.

Исто така, прогласена е воздушна тревога низ цела Украина.

Рано утринава градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм напиша дека се слушнале неколку експлозии во областа Шевченск, пренесува Интерфакс Украина.

Сирените за воздушен напад се огласија неколку десетици минути пред детонациите.
Според засега непотврдени информации, кои ги објавија новинарите, повикувајќи се на итната помош, има загинати.