Индонезискиот остров Сулавеси, погоден е од нов силен земјотрес со јачина од 7,7 степени, соопшти Геолошко топографски институт САД.
АП наведе дека објавено е предупредување од цунами. Претходно островот Сулавеси беше погоден од земјотрес со јачина од 6,3 степени, но тогаш немаше опасност од цунами. Во тој земјотрес настрада едно лице, додека најмалку 10 беа повредени.
Индонезја се наоѓа во огнениот појас на Пацификот и често ја погодуваат земјотреси. Во цунамито во 2004 година загинаа 226.000 луѓе во 13 земји, а во Индонезија настрадаа 120.000 лица.