Утринава одекнаа неколку силни детонации во центарот на Киев, јавуваат новинарите на странските агенции од местото на настанот.
Локалните жители на Твитер информираат дека експлозиите сè уште траат.
Cars burning in the streets of #Kyiv after Russia struck the Ukrainian capital city for the first time in months
Russian strikes were also reported in Zaporizhzhia and Dnipro pic.twitter.com/oDJ2Si2aA2
— OPSEC? (@GuinieZoo_Intel) October 10, 2022
Новинарите на АП кои ги слушнале детонациите известуваат дека изгледало како да се предизвикани од ракетни напади.
Dead and wounded among #Kyiv residents a result of morning missile attacks, – Svitlana Vodolaga, spokeswoman for the State Emergency Service#UkraineRussiaWar #Ukraine pic.twitter.com/pMcvstqMoE
— Rahul Upadhyay (@rajrahulnews) October 10, 2022
Сирените за воздушен напад се огласиле неколку десетици минути пред детонациите, а се слушнале и пред околу половина час.
Во Киев во последните месеци владееше релативен мир.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко извести дека имало експлозии во областа Севченко во центарот на Киев, која го опфаќа историскиот стар град, како и неколку владини згради.
The attacks on #Kyiv could be heard during the #BBC broadcast. pic.twitter.com/6EIMpfRSXd
— NEXTA (@nexta_tv) October 10, 2022
Украина се наоѓа под ракетен напад, има информации за многу напади во градови во земјата, изјави утринава заменик шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко. Тој наведе дека во нападите има повредени цивили.
Погледенете ги видеата на телеграм:
https://t.me/s/rusvesnasu
Експлозии се слушнале во Лвов, Тернопил и Дњепар.
Градоначалникот на Лвов, Андриј Садовји, на Телеграм објави дека училиштата денеска ќе бидат затворени, а наставата ќе се одржува од далечина. Тој рече и дека има привремени прекини во мобилните комуникации.
https://pbs.twimg.com/media/Fer9Yt8XgAE8FKG?format=jpg&name=medium
МИА
Фото: принтскрин