Дваесет и еднократниот Грен слем шампион, Новак Ѓоковиќ денес го освои турнирот во Астана откако во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4.
Казахстан е 19-та земја во која има освоено титули. Србинот воедно го израмни рекордот на Роџер Федерер (Швајцарија).
Двајцата врвни светски тенисери победија во следните земји: Австралија, Франција, Велика Британија, САД, Австрија, Шпанија, Италија, Канада, Катар, Кина, Холандија, Обединетите Арапски Емирати, Португалија, Швајцарија, Јапонија.
Ѓоковиќ победи и во Србија, Монако, Израел и Казахстан, додека Федерер – во Германија, Тајланд, Шведска и Турција.
По нив на оваа листа е Рафаел Надал кој победи во 18 различни земји.