За да не поскапи и водата: Мерните станици на водните пумпи ќе бидат на регулиран пазар – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/22 6:11 PM

За да не поскапи и водата: Мерните станици на водните пумпи ќе бидат на регулиран пазар

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска соопшти дека и мерните станици на водните пумпи ќе бидат ставени на регулиран пазар.

Целта е да нема поскапување на водата.

„Најважно од се’ е што, освен училиштата што ги внесуваме на регулираниот пазар, одиме чекор понапред – и мерните станици на водните пумпи ги ставаме на регулиран пазар, а тоа значи незголемување на цената на водата за сите граѓани“, рече министерот, одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.