Пиел па се заборавил! Санкциониран мортус пијан возач, со 4.14 промили алкохол – ММС
ММС

Објавено на: 10/9/22 4:12 PM

Пиел па се заборавил! Санкциониран мортус пијан возач, со 4.14 промили алкохол

На возач во општина Илинден му биле измерени 4.14 промили алкохол во организмот,  во акциската контрола што синоќа ја спровела Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата на територија на Скопје за санкционирање возачи под дејство на алкохол, информира Министерството за внатрешни работи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.