(видео) Агенти стојат зад клубовите „Цар Борис“ и „Ванчо Михајлов“ диригирани од Будимпешта и Москва – Владимиров во Стадион – ММС
ММС

Објавено на: 10/8/22 2:42 PM

(видео) Агенти стојат зад клубовите „Цар Борис“ и „Ванчо Михајлов“ диригирани од Будимпешта и Москва – Владимиров во Стадион

Иритацијата со имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија е длабоко оркестрирана и водена од една професионална и прецизна хибридна операција, чии мрежи допираат до Будимпешта и Москва. При тоа, говорот на омраза се користи како алатка. Ваква е оценката на Владимир Владимиров, политички аналитичар од Бугарија, кој повикува безбедносните служби на Македонија и Бугарија да се позанимаваат со основните учесници во создавањето на тензии меѓу двете држави.

-Ако ги погледнеме учесниците, списокот на медиум, ако направиме анали на содржината на медиските објави – ТВ, радио, онлајн медиумите, ќе откриеме дека 95% од нив завршуваат во Будимпешта и се финансирани на еден или друг начин од медиски олигарси од луѓе блиски на Орбан. Знаеме кој човек престој таму и не е јасно уште колку ќе биде таму. Ако погледнете од друга страна, медиумите во Бугарија, кои го разгоруваат говорот на омраза  – сите јавно или тајно имаат сопственици кои се со јасно проруски, антиевропски, антинатовски позиции рече Владимиров.

Тој предлага да се погледне подлабоко и да се видат актерите и кој стои во мизансценот, односно во сенката на тие процеси.

-Македонските здруженија во Бугарија како ОМО Илинден Пирин и уште две –три концентрирани во реонот во Благоевград, Сандански – Пиринска Македонија, сите тие здруженија корист само еден адвокат.  Тој адвокат е виден член на една голема партија со антиевропски ставови во Македонија  и тој човек е еден од тие со најголемите негативни ставови кон Бугарија. Од друга страна, ако ги анализирате здруженијата во Битола и Охрид, ќе стигнете до нивните финансиери, кои ќе ве доведат до една политичка партија во Бугарија, која на изборите освои помалку од еден процент од гласовите. Ако човек се задлабочи и ги погледне учесниците во тие здруженија, ќе види многу поранешни агенти на тајните служби во Бугарија  и УДБА од поранешна Југославија. Сето тоа е организирано, а играчите и лицата кои го организатори се познати на двете држави, со што доаѓаме до моментот дека никој не реагира. Ни МВР, ни Контраразузнавање, со што тие државни органи кои треба да не’ заштитат, всушност не реагираат и не ги истражуваат случаите и учесниците во нив, вели Владимиров.

Ваквото нереагирање, според Владимиров, на овие сили им дава слобода да делуваат, да создаваат тензии –  политички, економски и пошироко да делуваат контра НАТО и ЕУ.

-Крајно време е двете земји да формираат заедничка група во своите служби, која ќе ги разгледува овие појави и кои ќе го насочат разговорот во вистински правец. А вистински разговор меѓу две НАТО држави, меѓу две европски држави е за иднината, за тоа што е со младите, зошто си одат, зошто селата се празни, зошто ја немаме неопходната патна инфраструктура… Тој тип на шоу, хибридни организации го изместуваат фокусот од вистинските потреби на граѓаните, изјави Владимиров во Стадион.

Имињата на двата клуба во Битола и Охрид, како што објаснува Владимир Владимиров,  не се случајно избрани. Тој вели дека има два аспекта што треба да е разгледуваат.

-Еден од тие два клуба функционира многу поодамна и тоа го знаат тие граѓани, луѓето ги знаат, дел имаат бугарски пасоши и до сега немаше проблем. И кога одеднаш целата бугарска власт се појавува во Битола го легитимира тоа нешто. Треба да бидеме многу внимателни  бидејќи имаме сериозни проблеми. Има многу историски личности кои ги сврзуваат двата народи. Имињата на Ванчо Михајлов и Цар Борис за 90% од луѓето е јасно дека се ставени за да создадат проблеми, а не дека ќе го бараат заедничкото што може да не’ однесе во Европа.

Настаните се дело на хибридни операции диригирани од Москва

Според Владимиров, проблемот е што се води  хибридната пропаганда, која се управува исклучително професионално и сериозно и е сериозно финансирана последните 10-15 години, особено во социјалните медиуми, каде аналитичарите и припадниците на руските специјални служби откриле сосема нов свет, тера инкогнита каде нема никаква заштита.

-Ако ги погледнете сопствениците на компаниите, администраторите на Фејсбук, ќе откриете дека една дел од сопствеништвото завршува кај руски сопственици. Администрирањето пак на тоа што не е Фејсбук се контролира директно од Москва, вели Владимиров.

Овој начин на хибридно делување, како што вели бугарскиот политички аналитичар, користејќи го говорот на омраза како алатка,  треба да биде сериозно анализирана, бидејќи допира и до НАТО.

-Ова ја нарушува комуникацијата меѓу две земји членки на НАТО и на држава членка на ЕУ и земја кандидат и да погледнеме кој имаме сметка, ќе забележите дека завршуваат во Русија и Србија, рече Владимиров.

Како пример за странско влијание Владимиров ја наведе кампањата на малата локална бугарска партија  Преродба, чиј лидер бил присутен во медиумите за 4-5 пати повеќе отколку Борко Борисов.

-Лидер на една вонпарламентарна партија е политичкиот лидер кој има најголемо учество во националните медиуми за време на кампањата. Нема начин еден лидер на една мала партија да е 4-5 пати повеќе канет во медиумите од Бојко Борисов, со што стана медиска ѕвезда. Тој е автор на фашистички постови на ФБ, на закани, говор на омраза. ФБ на никој начин на реагира. Администраторите на ФБ не го сопираат тој фашистички израз во Бугарија. Тоа практично докажува дека безбедносните служби не ги распознаваат хибридните операции како сериозна закана за безбедноста на државата, објаснува Владимиров.

Како пример за непознавање или немањето реакција, соговорникот на Стадион вели дека ако Русија или друга држава има директна закана, тогаш се реагира од нашите служби, додека во хибридните, кои во суштина ја уриваат државата одвнатре, нема реакција и не се смета за закана.

-Кога се заканите од внатре тоа е како жабата во топла вода. Ние сме во таа топла вода како жабата веќе 10-15 години и тоа пред се’ поради влијанијата од социјалните мрежи, беше илустративен Владимир Владимиров во Стадион на Канал 77.