Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога, во координација и заедничка повеќемесечна полициска истрага со СВР Охрид и поддршка од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со полициски службеници од ОВР Кичево на 07.10.2022 во попладневните часови на влез во Кичево го лишија од слобода А.И.(39) од Охрид, откако претходно во Охрид бил лишен неговиот брат А.И.(30), кај кого при преглед и претрес во дом биле пронајдени 20 пакувања кокаин и 15 пакувања хероин.
-Во рамки на спроведената криминалистичка истрага во периодот од јули до октомври 2022, во координација со ОЈО Охрид , Единицата за недозволена трговија со дрога обезбеди материјални докази дека двете лица подолг временски период биле инволвирани во продажба на наркотична дрога на лица на подрачјето на Охрид и Струга, со што постојат основи на сомнение дека сториле кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
Од МВР додваат дека во текот на акцијата бил извршен претрес и во домот на А.И. на ул.„Гоце Делчев“ во Охрид, каде биле пронајдени предмети и докази за извршеното кривично дело, а по преземени мерки и активности лицето е пронајдено, приведено и спроведено во СВР Охрид, при што е утврдено дека лицето веќе издржува казна затвор во КПУ Струга за претходно извршено кривично дело поврзано со продажба на дрога, во која сега го вклучил и неговиот брат.
До ОЈО Охрид во текот на денот против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.