„Оживувањето“ на бугарскиот Цар Борис III не почнува од вчера со отворањето на бугарскиот клуб со негово име во Охрид, потсетува Жарко Трајаноски од Институтот ИМА. Во емисијата Стадион на Канал 77 тој потсетува дека никој не се скандализираше кога Никола Груевски плати 20.000 евра и постави восочна фигура на Цар Борис III во Музејот на ВМРО. Кажа и на други примери на употреба на имиња и воскреснување на спорни историски личности.
-Палатата на МНР се уште се вика по Борис Сарафов. Ова со бугаризацијата трае со децении и никој не се скандализираше. Тогаш немаше никакви протести против бугаризацијата. Не само Борис III, туку и Ванчо Михајло беа поставени во музејот со восочни фигури. Имаше обид да се постави фигура на Симеон Радев кај МНР. Проблемот во културниот расизам што се негува и во Македонија и Бугарија. Тоа беше случај во Југославија кога имаше културен расизам кон Бугарите дека сме ние Македонците нешто повеќе. Можеби тогаш бевме подобри на економски план. Тоа не е симнато од 1948 година, рече Трајаноски во Стадион.