Повторно поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/22 1:59 PM

Повторно поскапуваат дизелот и екстра лесното масло за домаќинство

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се зголемува за три, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

За 1,024 денари поскапува и Мазутот М-1, и еден килограм ќе чини 51,252 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава за 86,50, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 89,00 за литар.