(Видео) Медицинската сестра се онесвестила кога го видела штотуку роденото бебе: Се работи за еден случај во милијарда – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/22 8:00 PM

(Видео) Медицинската сестра се онесвестила кога го видела штотуку роденото бебе: Се работи за еден случај во милијарда

Животната приказна на едно мало девојче од Индонезија го обиколи светот преку ноќ.

Во време кога мислиме дека веќе сме виделе сè и дека малку се работите кои може да нè изненадат, една медицинска сестра која работи на оддел за гинекологија, паднала во несвест откако го видела бебето што го донела на свет нејзината пациентка. Сè се случувало во Индонезија, а со оглед на тоа дека ни самиот доктор гинеколог не знаел што се случува со детето, веста одекна како „бомба“ во светската јавност. Малото девојче кое сè уште не е свесно дека е посебно, преку ноќ стана интернет сензација.

„Докторот не знаеше која е причината за ваквата состојба на моето девојче. Дежурната сестра дури се онесвести веднаш по раѓањето на моето дете“, раскажала мајката на малата Мисклиен.

Нејзината приказна меѓутоа, со целиот свет ја сподели Рабиатул Адавија, мајка на друго девојче кое се здружило со Мисклиен додека и двете биле на лекар. Адавија, која инаку е позната тиктокерка, со согласност на родителите, преку социјалните мрежи откри дека необичното девојче боледува од хипертрихоза, позната во народот како „синдром на врколак“. На овој начин жената сакала да ги разбие табуата во врска со болеста на девојчето, со оглед на тоа дека е многу ретка. Во прашање е генетско пореметување кое се карактеризира со прекумерна влакнетост по целото тело, вклучувајќи го и лицето.

https://www.tiktok.com/@rabiatuladawiyah8896/video/7124706541424364827?embed_source=null_null_null&is_from_webapp=v1&item_id=7124706541424364827&refer=embed&referer_url=srecna.republika.rs%2Fzdravlje%2Fdete%2F10253%2Fbeba-rodena-sa-hipertrihozom-sindrom-vuklodlaka&referer_video_id=7124706541424364827

Реткиот синдром ги погодува и мажите и жените и може да влијае на различни делови од телото. Често се присутни густи влакна на лицето поради што состојбата тешко може да се сокрие. Случаите на хипертрихоза се познати долго време, а ваквиот специфичен синдром за првпат е опишан во 17-от век. Оттогаш се дефинирани два типа на овој синдром. Првиот е генерализиран и подразбира појава на екстремна влакнетост по целото тело, а другата е ограничена само на одредени делови од телото. Хипертрихозата може да биде вродена или да се стекне подоцна во животот.

 

Извор: srecna.republika.rs