Господ го постави Путин на власт, вака партијархот Кирил му го честиташе роденденот на претседателот – ММС
ММС

Објавено на: 10/7/22 11:09 AM

Господ го постави Путин на власт, вака партијархот Кирил му го честиташе роденденот на претседателот

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил денеска честитајќи му роденден на претседателот Владимир Путин истакна дека неговото владеење со Русија било наложено од Бога.

– Господ те стави на власт за да можеш да вршиш служба од особено значење и голема одговорност за судбината на земјата и на луѓето што ти се доверени, изјави патријархот, кој беше меѓу руски претставници кои му го честитаа 70. роденден на Путин.