Ф1 тимот Хас им ги продолжи договорите на Магнусен и Грожан – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 10:31 AM

Ф1 тимот Хас им ги продолжи договорите на Магнусен и Грожан

Шефот на Хас, Гинтер Штајнер во пресрет на денешната тренинг сесија во Русија, соопшти дека пилотите Кевин Магнусен и Роман Грожан остануваат и следната сезона.

„Имаме потреба од сигурни, искусни пилоти да го развиеме болидот и тимот. Оваа сезона имаме драстичен напредок во споредба со минатата година. Одлуката да ги задржиме Грожан и Магнусен беше лесна“, изјави Штајнер.

Магнусен со 49 бодови е на деветта позиција во Генералниот поредок, додека Роман Грожан во моментов го зазема 14. место со 27 бода.

Следната сезона за Грожан ќе биде четврта во тимот на Хас, а за Магнусен трета.

 

Извор: МИА