Тексас јакна која ќе ја носите оваа есен (ФОТО) – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 9:39 AM

Тексас јакна која ќе ја носите оваа есен (ФОТО)

Доколку се уште не сте купиле тексас јакна, веднаш на шопинг! – Од кога повторно се вратија во мода тексас јакните станаа составен де од гардеробата на секоја трендсетерка. Освен што се полн погодок за секоја есен, тексас јакната е одличен избор кога имаме премин од една во друга сезона.

Оваа есен тексас јакната ви ја носиме во комбинација со различни слоеви, па кратките тексас јакни може да ги носите со подолг дуксер, додека пак мини здолништата дизјанерите ги комбинираат со подолги јакни. Каква должина и да одберете нема да погрешите затоа што оваа се во тренд се сите модели од кратки до широки и големи со апликации.


Тексас јакната се вклопува во сите стилови. Доколку сакате да бидете елегантни може да ја носите со фустан или здолниште, а ако пак сакате кежуал дневна варијанта, тогаш тексас јакната може да ја комбинирате со црни панталони, фармерки или тексас шорц.