(Видео) Се случи чудо, ќе бидам мајка на близнаци, рече оскаровската Хилари Свонк (48) – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/22 9:05 AM

(Видео) Се случи чудо, ќе бидам мајка на близнаци, рече оскаровската Хилари Свонк (48)

Актерката и двојна оскаровка, Хилари Свонк (48) и нејзиниот сопруг Филип Шнајдер очекуваат близнаци.
– Има нешто што го чекав многу долго и тоа е мојата следна вест – ќе бидам мајка. Доаѓаат две деца, не ми се верува – изјави Хилари на „Добро утро Америка“.
Познатата актерка откри и како се чувствува и дека облеката повеќе не и стои.


– Во моментов се чувствувам одлично, но облеката почна да ме. Морав да ги отсечам фармерките пред некој ден на филмски сет. И тогаш морав да облечам јакна што немаше врска со филмот, па ми рекоа дека морам да ја сменам, а јас реков дека нема да го правам тоа, туку дека ќе ја носам јакната што ја одбрав. Го прифатија затоа што сум продуцент, но и коментираа дека тоа ќе биде чудо – се пошегува актерката и додаде:

– Ова е голем благослов, апсолутно чудо. Тоа е неверојатно.
Актерка и претприемачот се во брак од 2018 година, а пред да го кажат судбоносното „да“ беа во врска две години.

– Тоа беше сон од соништата, да се омажам за човекот од соништата покрај сите луѓе кои нè сакаат. Тоа беше остварување на сонот – изјавила актерката еднаш за нивната венчавка.

Извор: 24часа.хр

Фото: Твитер принтскрин