По само една година брак се разведе внуката на Алија Изетбеговиќ, ги венчаше Ердоган – ММС
ММС

Објавено на: 10/6/22 8:33 AM

По само една година брак се разведе внуката на Алија Изетбеговиќ, ги венчаше Ердоган

Јасмина Изетбеговиќ, ќерката на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, неодамна се разведе од бизнисменот од Столац, Ќамил Хумачкиќ, една година откако се венчаа на настан кој медиумите го нарекоа „свадба на годината“, потврдија за Кликс.ба.

Јасмина Изетбеговиќ e внука на Алија Изетбеговиќ и минатата година се омажи за Хумачкиќ во Сараево, а нејзиниот шеријатски кум беше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Шеријатската венчавка во Беговската џамија во Сараево, каде Јасмина пристигна во придружба на нејзиниот татко Бакир.

Граѓанската венчавка се одржа во сараевскиот хотел „Европа“ пред голем број гости од политичкиот и јавниот живот на БиХ, но и од регионот и Европа.
Иако свадбата беше затворена за јавноста, неколку дена по неа медиумите, локални и регионални, пишуваа за настанот.

Фото: кликс.ба

(Видео) Ги засенил и ВИП гостите – Ердоган кум на свадбата на внуката на Алија Изетбеговиќ