Филмот за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ со три номинации на фестивалот „Byzanfest“ – ММС
ММС

Објавено на: 10/5/22 5:50 PM

Филмот за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ со три номинации на фестивалот „Byzanfest“

Јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ е со три номинации во три категории на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“.

– Со особена радост ја примивме веста дека во рамките на православниот фестивал за филмска уметност „Byzanfest“, јубилејниот филм за Бигорскиот манастир „1000 години сведок на светлината“ беше номиниран во три категории: најдобар документарен филм, најдобар кинематографер и најдобар режисер, изјави сестра Ефимија за МИА.

Додаде дека за првпат во македонската кинематографија независен филмски проект бележи ваков меѓународен успех.

Интересно е и тоа што режисерот на овој документарен филм, Илија Ико Каров, е номиниран во една од главните номинации „најдобар режисер“, заедно со режисерите од програмата на играните филмови.

Инаку, според програмата на „Byzanfest 2022“, кој ќе трае од 27 октомври до 6 ноември во Мелбурн, Австралија, проекцијата на филмот „1000 години сведок на светлината“ е предвидена за 4 ноември.