Нико Ковач: Дуелот со Херта вистински предизвик за нас – ММС
ММС

Објавено на: 09/28/18 9:25 AM

Нико Ковач: Дуелот со Херта вистински предизвик за нас

Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач во пресрет на натпреварот со Херта од 6. круг Бундеслигата, вели дека противникот е многу квалитетен и технички добро подготвен.

Според еден хрватскиот фудбалски стручњак, Баерн ќе мора да даде максимум за да додје до бодовите:

„Во однос на играта, тие покажаа дека се многу добри. Навистина ми се допадна како тие дејствуваа. Подготвени се на технички план. Одлично работат со топката, дисциплинирани се и на домашен терен се обидуваат секого да победат. Затоа, ние се соочуваме со вистински предизвик. Мораме повторно да дадеме сто проценти“.

Натпреварот Херта – Баерн Минхен ќе се одигра вечер од 20:30 часот на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин.