Словенечкиот парламент ги дозволи браковите на истополовите двојки и усвојувањето деца од нив – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/22 8:13 PM

Словенечкиот парламент ги дозволи браковите на истополовите двојки и усвојувањето деца од нив

Словенечкиот парламент на денешната седница го усвои амандманот со кој се дозволуваат истополови бракови и усвојување деца во истите, по одлуката на Уставниот суд.

Словенија е првата земја во Источна Европа која усвои ваков закон, додека мнозинството земји во регионот не дозволуваат граѓански истополови заедници и бракови.

Во соседна Унгарија зборувањето за хомосексуалност пред малолетници од претходната година дури и парично се казнува.

МИА

Фото. викимедија.орг