На „Макфест“ оваа година ќе доминираат модерени звуци, а тоа само докажува дека македонската музичка сцена и тоа како ги следи светските трендови во музиката.
Тоа го докажува и големиот интерес кај македонските артисти за да настапат на овогодинешниот фестивал, а го потврди и уметничкиот директор на фестивалот, познатиот музичар Роберт Саздов.
„Да, интересот е навистина голем и тоа не радува сите. Како што знаете, ќе има два вечери, првата е натпреварувачка, додека втората вечер е ревијална. Она што особено морам да го истакнам е дека на конкурсот изведувачите и композиторите пријавија доста модерни песни“ – вели Саздов.
На сцената во Штип, односно во Домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат околу 25 изведувачи вкупно во двете вечери. Меѓу нив е познатата пејачка Тамара Тодевска, момците од „Два Бона“, пејачката Викторија Лоба, Ламбе Алабакоски, Виктор Апостоловски, Андреа Коевска, со дует ќе се претстават раперот Пајак и Лара Иванова, атрактивната Андријана Петрушовска и многу други…