Чесите преку иницијативата „Подарок за Путин“ собираат донации да купат тенк за Украина – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/22 9:46 AM

Чесите преку иницијативата „Подарок за Путин“ собираат донации да купат тенк за Украина

Чесите ​​собраа средства преку приватна кампања за купување модерен борбен тенк Т-72 за Украина, објавија организаторите на таа иницијатива.

За еден месец, кампањата за групно финансирање собра 1,2 милиони евра, објавија организаторите во понеделникот.

На иницијативата наречена „Подарок за Путин“, која беше поддржана од чешкото Министерство за одбрана и Украинската амбасада во Прага, се приклучија 11 илјади луѓе. Организаторите набавениот тенк ќе го именуваат Томаш по првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик, пренесува ДПА.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова им се заблагодари на сите донатори и иронично додаде дека тие се погрижиле рускиот претседател Владимир Путин да добие „соодветен подарок“ за неговиот 70-ти роденден на 7 октомври.

Таа го нарече рускиот лидер „агент на КГБ, убиец и крадец“. Следниот чекор на чешките граѓани е собирање пари за муниција за тенкот. Од почетокот на рускиот напад, украинската амбасада во Чешка примила повеќе од 8,6 милиони евра донации. Чешкото Министерство за одбрана испрати во Украина оружје во вредност од 160 милиони евра.

Извор: индекс.хр