Најдоброто место во домот за интимни односи а не е креветот! – ММС
ММС

Објавено на: 10/4/22 10:00 PM

Најдоброто место во домот за интимни односи а не е креветот!

Во повеќето случаи, паровите најинтимните односи ги имаат во спалната соба, но што е со другите места во куќата.

Познато е дека монотонијата ја „убива“ секоја врска и дека понекогаш е добро да се промени средината и дополнително да се запалат искрите во креветот.

Неодамнешното истражување спроведено од британскиот сајт “OnBuy”  откри како местото влијае на квалитетот на интимната врска. Така, истражувачите им го поставиле на испитаниците прашањето – „која соба во куќата е најдобра за интимни односи“, по што пристигнале неочекувани резултати.

Затоа, најдоброто место во куќата е бањата, а пулсот кај 73 отсто од паровите кои воделе љубов во бањата се зголемил на 121 отчукување во минута. Во исто време, интимните односи во бањата добија највисока оцена во споредба со другите места – 8,5 од 10.

А ако бањата ве изненади со заземањето на првото место, тогаш за второто има уште поголемо изненадување! На второто место ни помалку ни повеќе се најде балконот, односно терасата. Паровите кои воделе љубов на тераса имале 116 отчукувања на срцето во минута.

На трето место е просторијата за гардероба. А најлошото е токму онаму каде што повеќето парови уживаат во креветот – спалната соба, токму затоа што станала премногу извикана. Затоа, доколку сакате малку да го зачините љубовниот живот, покрај другите трикови, сменете го и местото на водење љубов.

Извор: Мондо.рс