Предавството и насилството што ги доживеала Менди Бордман пред неколку години го шокираше светот.
Оваа жена била седум години во брак со маж кој и подметнувал апчиња за спиење со цел сексуално да се изживува врз неа.
Менди од Индијанаполис дури по седум години брак дознала дека нејзиниот сопруг повремено ја „клукал“ со апчиња за спиење и повеќепати ја силувал. Таа за американските медиуми го опишала своето застрашувачко искуство од бракот со чудовиштето.
Оваа Американка била сигурна дека има сосема нормален живот. Како и многу жени, таа од голема љубов се омажила за маж по име Дејвид Вајс. Како што обично се случува, по неколку години романтиката ја заменило секојдневието – деца, работа, обврски дома.
Бевме типична брачна двојка“, рекла Менди и додала дека и покрај тоа што не била среќна како во првите години од бракот, не може да каже дека нејзиниот живот бил лош.
Ненадејни „дупки“ во меморијата
Меѓутоа, по седум години брак, Бордман почнала да забележува дека има проблеми со меморијата. Понекогаш се будела сосема гола, иако се сеќавала дека си легнала во пижами. Едноставно не можела да се сети кога ги соблекла… Исто така забележала дека одвреме-навреме има горчлив вкус во устата, како таблети, но не се сеќавала дека земала никакви лекови. Била преплашена бидејќи повеќе не можела да си верува, се случувале премногу чудни работи на кои не се сеќавала. Се прашувала дали почнала да месечари, дали тоа е објаснувањето за ова чудно однесување…
Една ноќ, Менди ненадејно се разбудила и го нашла Дејвид, со батериска ламба во рака, како крие нешто под душекот. Кога таа се обидела да види што е тоа, тој грубо ја оттурнал. Следувала расправија, но Менди се пресметала со својот сопруг и открила дека тој се обидувал да го скрие шишето со „матната течност“ од неа. Дејвид брзо и објаснил дека тоа е раствор од апчиња за спиење што и го дава за да може што подобро да се одмори и да спие. Тој дури успеал да ја убеди дека тоа го прави за нејзино добро и се заколнал дека нема да се повтори.
Морав да му верувам, иако мојот здрав разум упорно ми кажуваше дека нема „чиста работа“.
Откривање на страшната вистина
Секако, Вајс не го одржал ветувањето и Менди неколку пати го нашла со „сомнително“ шише во рацете. Решила да истражи што се случува во нејзиниот брак. Таа му го земала телефонот и ја дознала шокантната вистина. Таа дури пронашла три видеа на кои се гледа како нејзиниот сопруг ја силувал додека таа била во несвест.
“На секое видео изгледав како мртовец. Ме фати паника”, продолжила со својата исповед.
„Колку пати се случило ова? Немам поим. Бев толку згрозена, толку засрамена и ужасно исплашена“, се присетува таа и додала како Дејвид барал изговори, се обидувал да ја убеди дека не направил ништо лошо, па дури и дека законски ништо не може да му се направи.
Нов шок
Ги зела децата, синот и ќерката и го оставила, но не го пријавила во полиција. Се до моментот кога ќерката спиела сама кај татко и. Избезумена од страв за детето, Менди се осмелила да контактира со полицијата. Земала копии од видео снимките, а против силувачот е отворен случај. Дејвид беше обвинет по шест точки, за кои се очекуваше да биде осуден на неколку години затвор. Но, таа доби уште еден шок во судницата – судијата го прогласи Вајс за виновен, но му одреди домашен притвор. Менди ја советувале да му „прости“ на сопругот силувач…
Очигледно, судијата сметал дека ако мажот ја силувал сопругата, тоа не е исто што и „обично“ сексуално насилство, а делото на Дејвид се сметало за „помало“.
Во понатамошната исповед, Менди ја опиша својата долгогодишна борба со депресијата и анксиозноста, стравот дека ниту таа ниту нејзините деца никогаш повеќе нема да бидат безбедни.
Извор и фото: Мондо.рс
Фото: Принтскрин Јутјуб