Кара, дама која се опишува себеси како спонзор на помлади мажи, стана хит на ТикТок откако сподели детали од нејзиниот живот со своите следбеници.
Таа ги поканила и младите мажи да се пријават да бидат нејзини „бебиња“ на кои ќе им плати за секс.
Таа објасни зошто за неа е „фантастично“ плаќањето на помладите љубовници. Кара (35), на оваа мрежа редовно ги покажува своите млади партнери, а доколку има заинтересирани за „работата“ на љубовниците дава и упатства како да се пријават. Како што открила, заработува на различни начини, има неколку работни места, но ништо не ја прави посреќна од тоа да ги разгалува своите „бебиња“ и да им купи се што ќе им посака срцето.
Не само што им плаќа за секс, туку им дава и џепарлак.
„Кога ќе видам како очите на моето „бебе блескаат“ кога давам џепарлак, тоа е најдоброто чувство на светот“, вели таа, додавајќи дека чувството дека направила „добро дело“ и го разубавува денот секој пат.
Тие пари обично ги користат за да платат кирија или за автомобил, што и да им треба“, вели Кара, додавајќи дека секогаш проверува на што ги трошат парите, бидејќи не сака да ги „фрлат“…
Кара откри и дека некои од нејзините „бебиња“ сакале луксузни автомобили, ламборџини, јахти или скапа облека, додека други само чоколади.
Кара рече дека спонзорите се „многу лојални жени“.
“Вашиот спонзор нема да ве изневери. Секој маж има среќа што ја има во својот живот. Можете да разговарате со неа и да создадете неверојатна блискост”, вели Кара.
Извор: мондо.рс