Конечно ќе се сретнат „дезертерот“ и „шпицниот“ – Ковачевски и Мицковски утре на средба во Владата – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/22 9:44 PM

Конечно ќе се сретнат „дезертерот“ и „шпицниот“ – Ковачевски и Мицковски утре на средба во Владата

Во Владата утре попладне ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, потврдија за МИА од Владата.

Средбата, како што информираат од Владата за МИА, ќе се одржи во 16 часот.

Претходно, во емисија на телевизија 24, Маја Кадиевска од ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека е прифатена поканата од премиерот Ковачевски и дека на средбата ќе присуствува економскиот тим на партијата предводен од Христијан Мицкоски.

– Прифатен е повикот од премиерот Ковачевски за утрешна средба каде ќе присуствува економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ предводен од Христијан Мицковски. Ги нудиме нашите ресурси и концептот. Утре ќе биде запознаен и премиерот. Би требало да се разговара во вакви тешки времиња и треба да седнеме заедно најголемата опозициона партија со Владата, изјави вечерва Кадиевска.

Оваа средба доаѓа по неколку неделното скандалозно препукување меѓу опозицијата и власта, кои мегусебно се обвинуваа за корупција. Во меѓусебното обвинување опозицијата Ковачевски го нарече „дезертер“, бидејќи, како што велат, не служел војска, додека од власта Мицкоски беше нареуван „шпицен градоначалник’, по избувнување на кавгата со градоначалничката Данела Арсовска околу тендер во Водовод, кој е тежок 136 милиони евра.

Што ќе кажат и едните и другите останува да слушнеме утре по завршување на средбата.