„Мамо, заслужуваш многу повеќе“ – Адријан и Дритон Гаџа и подарија џип на мајка им Сузе – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/22 9:15 PM

„Мамо, заслужуваш многу повеќе“ – Адријан и Дритон Гаџа и подарија џип на мајка им Сузе

Многу родители кога ќе го видат ова ќе се разнежнат. Колку ли е голема гордоста на мајката, кога ќе добие подарок од синовите.

Таква мајка е и Сузана Гаџа, жената што го родила пејачот Адријан и неговиот брат, виолинистот, Дритон.

Адријан и Дритон ни помалку, ни повеќе туку на мајка си и купиле на подарок џип.

Адријан објави слика со мајка му покрај џипот и напиша:

-Еден подарок од твоите синови, мамо, заслужуваш многу повеќе од она што можеме да ти дадеме, напиша под сликата Адријан.