Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ денеска го слави својот 41 роденден!
Иако ја гази својата петта деценија од животот, неуништливиот Ибра се уште не размислува за пензија, а зошто и кога на теренот изгледа барем десет години помладо.
Млад деликвент од сиромашното предградие на Розенгорд, Шведска стана ѕвезда, стана сериозно лице и мајстор на фудбалската игра, а значајна заслуга за тоа има неговата мистериозна сопруга Хелен Сегер. Жената која успеа да го скроти лавот!
Хелена на Златан не личи на класичните сопруги на фудбалери кои секојдневно ги гледаме на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Хелена е 11 години постара од Златан. Таа е успешен претприемач и многумина веруваат дека таа е одговорна за брилијантните инвестиции на Ибрахимовиќ, кои го направија еден од најбогатите спортисти во светот.
Оваа згодна русокоса не сака да се експонира во медиумите, на социјалните мрежи не објавува провокативни фотографии од луксузни дестинации, не се фали со нови скапи гардероби, чевли, чанти… и кај својот сакан доаѓа на натпревари да навива, а не да биде во центарот на вниманието.
View this post on Instagram
Кога го запознала Ибрахимовиќ, таа веќе била остварена, успешна жена. Имала кариера и одлична работа.
„Кога го запознав Златан, тој имаше 21 година, а јас 32, имав кариера и богатство и не ми требаше фудбалер да ме поддржува. Бев независна и тој не беше ни мој тип на човек. Првиот пат кога го видов, ми го блокираше Мерцедесот со неговото Ферари, го видов само неговиот голем нос и златен часовник на раката. Бев нерасположена и му викав. Мислам дека тоа му се допадна“, откри Хелен еднаш.
Хелен и Златан се заедно две децении и имаат два сина.
View this post on Instagram
Оваа атрактивна русокоса не троши премногу време на својот изглед, признава дека има преголеми усни и прекратки нозе, подобро се чувствува во фармерки отколку во дизајнерски фустани, не сака шопинг, нема домашна помошничка, ужива во брзо возење со мотор и речиси никогаш не дава интервјуа.
Извор: курир.рс