На денешната средба со новинарите премиерот Ковачевски беше прашан дали Мицкоски ќе го тужи за клевета, бидејќи не му се извинил.
На тоа тој рече:
-Секој човек мора да функционира врз основа на етички норми. Јас веќе две недели сум под константни напади на ВМРО ДПМНЕ и тоа со конструкција на најдолни лаги. Сметам дека треба да се извинат, затоа што јас 22 години работев во приватниот сектор на најтранспарентен и законит начин. Не може да се прават конструкции од тоа како функционираат компании кои се независни и функционират врз основа на закон. Дали ќе има тужба не можам да кажам, ниту сум правник, ниту адвокат. Целта е да се тргне вниманието од тенедерот од 136 милиони евра во „Водовод“. Ниту јас го обвинив, ниту СДСМ, туку го обвини ВМРО ДПМНЕ, партијата во која е претседател. Бидејки Арсовска е градоначалник од ВМРО ДПМНЕ. Па Данела Арсовска со трубачи ја чекаа во ВМРО не во СДСМ. Кој ја фалеше на митинзи?, рече Ковачевски.