Пандев ќе игра на „Турнирот на медиумите“, ќе има и фудбалски и музички легенди од екс Ју – ММС
ММС

Објавено на: 10/3/22 11:38 AM

Пандев ќе игра на „Турнирот на медиумите“, ќе има и фудбалски и музички легенди од екс Ју

Годинава ќе се одржи јубилејниот 30 Турнир на Медиумите во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кој ќе се одржи од  7-9 октомври на терените на ФФМ, а ќе има и хуманитарен карактер.
Годинава покрај пресметките за победничкиот пехар на преставниците на „седмата сила“, (МРТВ, Сi, Сител, Спорстско радио, МТВ 2, Канал 5 и АЛСАТ М), супер-забава ќе понуди ревијалниот дел во кој ќе се појават репрезентациите на БИХ, Србија, Македонија и Хрватска, составени од поранешни фудбалски ѕвезди, естрадни уметници и новинари.

Во Скопје ќе биде собрана балканската фудбалска елита, а како дел од  репрезентацијата на Македонија ќе биде и нашиот поранешен капитен и еден од најдобрите спортисти на нашата држава на сите времиња – Горан Пандев.

Горан Пандев го потврди својот настап на „Турнир во мал фудбал на медиумите од Македонија“,  како дел од селекцијата на Македонија, која ќе биде составена од бројни поранешни фудбалери, спортисти, естрадни ѕвезди и новинари. Турнирот оваа година ќе биде со несекојдневен спортско-забавен настан со учество на некогашните ведети на фудбалската сцена во поранешна Југославија меѓу кои и репрезентациите на Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија.

Деновиве траат завршните подготовки и во останатите репрезентации кои ќе допатуваат во Скопје, а ние ги очекуваме потврдите од неколку звучни имиња кои треба да бидат дел од селекциите на Македонија, Србија, БиХ и Хрватска како дел од настанот со кој Спортското радио 90.3 фм ќе го одбележи овој јубилеј – 30 години „Турнир на медиумите во мал фудбал“.

Деталите и имињата на спортските и музичките ѕвезди ќе се знаат наскоро.