Пејачката Ана Бекута речиси една година тагува по нејзиниот емотивен партнер Милутин Мркоњиќ Мрко, кој почина на 27 ноември 2021 година, а сега реши да се „тргне“ и да го продолжи животот понатаму.
По ненадејната смрт на Мрка, таа се повлече во себе и ги откажа сите настапи како и гостувањата во емисии за да најде сила да го надмине тешкиот животен удар и големата загуба. Сега, по речиси една година големи болки, одлуката на Ана Бекута е да продолжи понатаму и повеќе да се посвети на излегувањето и дружењето со пријателите, како што пренесуваат српските медиуми.
– Ана ги послуша советите на своите внуци, кои се постојано со неа и ја принудуваат да биде активна и да поминува повеќе време надвор од дома. Досега криеше дека е психички лошо, еден период не сакаше да се дружи со никого, излегуваше од дома само за да снима емисии и да работи. Но, сега расчисти некои работи во главата и конечно реши да го остави минатото зад себе и сама да го продолжи животот. Тоа немаше да го направи без нејзините внуци, ја убедија и да ја смени бојата на косата во црвено. Ана веќе ја имаше таа боја на коса пред триесет години, а во тоа време многумина ја сметаа за икона на стилот поради нејзината беспрекорна коса, шминка и гардероба. Сите мислат дека нејзината внука Соња, иден психолог, а сега и шминкер, сакала да и ја врати старата слава, па ја убедила да го промени имиџот – вели добро упатен извор и додава дека таа повеќе не се затвора во неговите четири ѕида, пишуваат медиумите во Србија.
Објавено на: 10/3/22 9:46 AM